Баерн Минхен ќе биде во потрага по нов тренер за следната сезона, откако Ханси Флик најави дека си заминува по завршувањето на тековната.
“Денес го информирав клубот дека сакам да го раскинам договорот на крајот на сезоната. Тоа им го соопштив и на фудбалерите”, изјави стратегот за “Скај Германија” по победата од 3-2 против Волфсбург.
Флик не ја објасни својата одлука, но познато е дека тој и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ не се во добри односи изминативе месеци.
Се верува дека иднината на 56-годишниот тренер е на кормилото на германската репрезентација, која познато, ќе гостува во Македонија на 11 октомври. Што се однесува до “Баварците”, се шпекулираат многу имиња како потенцијална замена за Флик, меѓу кои најзвучни се оние на Масимилијано Алегри и Џулијан Нагелсман од Лајпциг.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













