
Светското клупско првенство, кое требаше да се одржи во декември во Јапонија, е одложено за периодот од 3 до 12 февруари 2022 година во Обединетите Арапски Емирати, соопшти ФИФА.
Меѓу клубовите кои ќе учествуваат на Светското клупско првенство се Челси, победникот во Лигата на шампионите, бразилски Палмеирас кој вторпат по ред ја освои Копа Либертадорес, мексикански Монтереј и египетски Ал-Ахли, Саудиска Ал Хилал, Ал Џезира од ОАЕ и Окленд од Нов Зеланд.
Европскиот шампион Челси во полуфиналето ќе се сретне со некој од Ал Хилал, Ал Џезира или Окленд Сити. Победникот на Копа Либертадорес, Палмеирас, во другото полуфинале ќе се сретне со победникот од мечот меѓу Ал Ахли и Монтереј.
На почетокот на оваа година, Катар беше домаќин на последното издание на клупското првенство, на кое Баерн Минхен го освои пехарот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
