
Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, е најплатениот играч во францускиот шампионат и еден од најплатените спортисти во светот, со бруто месечна плата од 6 милиони евра, објави денеска францускиот весник „Л’Екип“.
Зад светскиот шампион од 2018 година и вицешампионот од 2022 година се неговите соиграчи од ПСЖ Нејмар (3,675 милиони евра) и Лионел Меси (3,375 милиони евра). Тоа значи дека Мбапе безмалку заработува колку Меси и Нејмар заедно.
Во првата десетка има само фудбалери од актуелниот шампион на Франција.
Во првите 16 најплатени играчи има само двајца фудбалери кои не се дел од ПСЖ, Висам Бен Једер од Монако (650.000 евра месечно) и Џордан Верету од Олимпик Марсеј (550.000 евра).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Иван Ракитиќ става крај на блескавата кариера

Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на клупата на Ајакс?
