
Актуелниот договор на Марсело Брозовиќ со италијанскиот првак Интер истекува на крајот од сезоната. Клубот отпочна преговори со хрватскиот репрезентативец за продолжување на соработката, но во нивните планови сериозно се меша новиот финансиски моќен премиерлигаш Њукасл.
Брозовиќ бара 7 милиони евра по сезона за да остане во Интер, што е двојно повеќе од тоа го што заработуваше досега. „Нероаѕурите“ не се подготвени за толку големо зголемување на платата, а тоа сака да го искористи Њукасл кој е подготвен веднаш да ги задоволи неговите услови.
Покрај Брозовиќ, Њукасл од Италија сака да ги доведе стоперот Милан Шкриниар од Интер и голманот Томас Стракош од Лацио.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
