
Еди Хау ќе го пропушти својот прв натпревар на кормилото на Њукасл откако доби позитивен тест на Ковид-19. 43-годишниот стратег синоќа на рутински тест ја дознал непријатната вест, само 24 часа пред Њукасл да го пречека Брентфорд на „Сент Џејмс Парк“.
Неговите асистенти Џејсон Тиндал и Греам Џонс ќе го предводат тимот во потрага по прва победа во сезоната.
Хау ќе разговара со секој од играчите поединечно пред и по натпреварот преку видео повик.
„Многу сум разочаран што нема да бидам со сите вас на стадионот, но неверојатно е важно да ги следам упатствата и да се изолирам“, изјави Еди Хау.
Периодот на самоизолација трае десет дена, но постои можност тој да се врати пред гостувањето кај Арсенал следната сабота, во зависност од тоа кога почнале симптомите и доколку добие два негативни теста на Ковид-19.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
