
Англискиот премиерлигаш Њукасл упатил понуда до италијанскиот тренер Маурицио Сари, пренесуваат медиумите на Островот.
65-годишниот стратег неодамна го напушти италијанскиот Лацио, а неговото име веќе се поврзува со голем број европски тимови.
Меѓу потенцијалните нови дестинации за Сари се клубови како Фиорентина, Торино, Милан, Наполи и Вест Хем. Се очекува искусниот тренер да донесе одлука за својата иднина по завршувањето на актуелната сезона.
Саудиските сопственици на Њукасл испратија понуда до Маурицио Сари во обид да го убедат да го замени Еди Хау на лето.
Њукасл се наоѓа на седмото место на моментната табела во Премиер – лигата со 53 бода по 34 одиграни натпревари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
