Њукасл имаше желба да го здружи својот најдобар стрелец Александер Исак со Хуго Екитике, но наместо на „Сент Џејмс Парк“, оваа напаѓачка двојка најверојатно ќе ја гледаме во дресот на Ливерпул. Екитике веќе беше претставен како ново засилување на „Енфилд“, а Исак испраќа позитивни сигнали за трансфер.
Во Њукасл сега немаат друг избор освен да тргнат во потрага по нова „деветка“, а според доверливите информации од Англија, прва цел им е Словенецот Бењамин Шешко.
Шешко е еден од најбараните напаѓачи во светот. За 22-годишниот Словенец, кој постигна 27 голови во Бундес-лигата, најголем интерес досега покажале Манчестер Јунајтед и Ал Хилал.
Јунајтед се повлече поради високата цена од 77 милиони евра што ја побара Лајпциг, додека Шешко не беше подготвен за преселба во Саудиска Арабија.
Сега, приходот од евентуалната продажба на Исак, што може да достигне и до 150 милиони евра, Њукасл би можел да го насочи токму кон Шешко.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)













