Хакан Чалханоглу размислува за преселба во Катар, откако Ал-Духаил му понудил договор вреден 8 милиони евра годишно, тврди “Скај Спорт Италија”. Договорот на турскиот репрезентативец со Милан истекува на крајот на сезоната, што значи дека тој може да потпише со кој било клуб и да ги напушти “росонерите” како слободен агент следниот месец.
Наводно, катарскиот клуб, кој во 2019 година, успеа да ги привлече Мехди Бенатија и сегашниот член на Милан, Марио Манџукиќ од Јувентус, во понудата за 27-годишниот фудбалер вклучил и бонус од додатни 8 милиони евра при потписот на договорот.
Се верува дека ова е највисоката понуда досега за услугите на Чалханоглу и поради оваа причина, тој сериозно размислува за своја преселба во Катар. Неговиот агент, Гордон Стипиќ ќе се сретне со претставници на Ал-Духаил следната седмица, иако играчот за врска е сè уште во преговори со италијанскиот тим за продолжување на неговиот престој на “Сан Сиро”.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













