Девојката на Лука Јовиќ потврди дека српскиот напаѓач ќе се врати во Реал Мадрид на крајот од сезоната по завршувањето на позајмицата во Ајнтрахт Франкфурт.
23-годишниот фудбалер се приклучи на бундеслигашот како позајмен играч од “кралскиот клуб” во јануари и оттогаш постигна четири гола на 13 натпревари. Но, германскиот клуб нема опција да го откупи на крајот на сезоната, а очигледно, и нема да се обиде да преговара за негово останување.
Девојката на Јовиќ, Софија Милошевиќ, на прилично необичен начин, потврди дека парот се враќа во Мадрид на крајот од сезоната. “Ќе ми недостасува козметичарката кога ќе го напуштиме Франкфурт”, напиша таа на едно “стори” на Инстаграм, што значи дека напаѓачот ќе се врати на Бернабеу на лето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













