Актуелниот првак Шкендија доживеа пораз (1-2) од Ренова во тетовското дерби и го продолжи очајот кој трае уште од европското лето. Фатјон Јусуфи во 21.минута ја искористи големата грешка на Шкендија и подарок – топката со лоб – удар ја испрати во мрежата на Захов.
Ремзифаик Селмани на почетокот на вториот дел зголеми на 0-2, а Љупче Дориев во 67.минута само ја намали негативата.

Шкупи стигна до првиот триумф во новата сезона, откако на „Борис Трајковски“ во Маџари ја совлада Македонија ЃП со 2-0. Стрелец на водечкиот гол беше Фаустин Сенгор во 42.минута од мечот. конечниот епилог го постави Фреди Алварез од пенал во судиското продолжение.
На „Автокоманда“, многу борба, многу желба, но и двете екипи, Скопје и Брегалница не сакаа да загубат, па ремизираа без голови.

Струга Трим Лум со 1-0 го совлада Пелистер. Стрелец на победничкиот гол беше Емир Скендери во 60.минута.
Борец го совлада Тиквеш со 2-1. Ѓорѓи Ѓорѓиев во 52.минута донесе водство за велешани, а четири минути подоцна израмни Александар Вареловски. Сепак, во финишот гостите останаа со десетмина фудбалери, а Борец тоа го искористи Манасиев за триумф.
ПРВА ЛИГА, ВТОРО КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКЕНДИЈА – РЕНОВА 1-2
ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-0
БОРЕЦ – ТИКВЕШ 2-1
СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА 0-0
СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР 1-0
ВЕЧЕРВА: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













