Connect with us

Нотингем Форест потклекнува во трката за ЛШ, само реми против Кристал Палас (ВИДЕО)

Нотингем Форест полека ја губи магијата што ја носеше низ сезоната – ремито од 1-1 против Кристал Палас на гости ги чини скапо во битката за Лигата на шампионите. Од тим кој ги изненадуваше фаворитите, „шумарите“ сега изгледаат како да се лизгаат кога најмногу треба да газат.

Само една победа во последните пет меча и тоа во момент кога Челси, Манчестер Сити и Њукасл забрзаа, ги турна надвор од првите четири. Иако сè уште не е ништо загубено, јасно е дека шансите им се намалуваат.

Против Палас, Езе ги шокираше со гол од пенал во 60. минута, но одговорот стигна брзо – Муриљо погоди во 64.минута и врати надеж. Драмата се зголеми во финишот кога Нкетија постигна гол за Палас, но тој беше поништен. Еден бод, но чувството е како пораз.

Сега следи меч со веќе испаднатиот Лестер – шанса која мора да се искористи. И додека Нотингем ќе брка три бода, ќе се моли за поделба на пленот во дербито меѓу Челси и Њукасл. Трката не е завршена, но времето станува луксуз кој Форест веќе не го поседува.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови