
Џорџинио Вајналдум ќе го напушти Ливерпул во текот на летниот преоден рок. „Црвените“ наводно одбиле да ги исполнат барањата на играчот од средниот ред за нов договор. Последната понуда на Ливерпул не ги задоволувала стандардите на холандскиот репрезентативец, а од клубот немаат намера да ја подобрат.
Не е исклучена опцијата Холанѓанецот да се премисли во последен момент, но од ден за ден станува се поверојатно дека ќе го напушти „Енфилд“ како слободен агент ова лето.
Се верува дека тренерот Јирген Клоп не се сомнева во квалитетот на фудбалерот, но челниците на Ливерпул не чувствуваат потреба да му понудат подобри услови од оние што веќе биле понудени. Тој се поврзуваше со трансфер во Барселона, но има реална опција да замине во Серија А и да го облече дресот на Интер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal