Интер е повторно во разговори со тренерот Симоне Инзаги и покрај разните тврдења дека тој ќе потпише нов договор со Лацио. Помладиот од браќата Инзаги е првиот избор за замена на Антонио Конте, кој во средата го раскина договорот со Интер, одлука која го чини клубот околу 7 милиони евра.
Иако “Скај Италија” вчера извести дека единственото нешто што ги дели Инзаги и Лацио е потписот, сепак тие денес велат дека италијанскиот тренер е во постојан контакт со “нерoаѕурите”, а до крајот на денешниот ден би требало и да се постигне договор.
Тековниот договор на Инзаги со Лацио истекува на 30 јуни. Неговиот агент Тулио Тинти, кој исто така го претставува дефанзивецот на тимот од “Џуземе Меаца” Алесандро Бастони, попладнево е виден во седиштето на Интер. Шампионот во Серија А се обиде да преговара и со Масимилијано Алегри, кој е на чекор од враќање во Јувентус, додека како други кандидати се споменуваат и Синиша Михајловиќ, Пауло Фонсека и Валтер Зенга.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













