Connect with us

Неверојатни сцени во Бразил: Сопствените навивачи им фрлија бомба на тимскиот автобус

Тимскиот автобус на бразилскиот состав Баија беше нападнат со бомба пред натпреварот во Купот. Пред мечот меѓу Баија и Сампаја Кореа во Бразил, во близина на стадионот Фонте Нова имаше бомбашки напад врз автобусот на Баија.


Шокираните фудбалери биле престрашени откако се слушнала детонацијата, а некои од нив се здобија со физички повреди. Најлошо помина 33-годишниот голман Данило Фернандез, чие лице беше уништено од шрапнели.

Во Баија, која испадна од бразилската Серија А, веќе извесно време преовладува незадоволството на навивачите, но не се знае кој точно и зошто ги нападнал играчите.

„Шрапнелите погоди двајца наши играчи. Данило можеше да го загуби видот. Сега е во болница на лекување. Тоа е глупост. Луѓето мислат дека таквите постапки ги плашат играчите да се однесуваат подобро. Зошто мислат така, зошто вака се однесуваат?“, изјави тренерот на Баија, Гуто Фереира.

И по ова, Баија го одигра својот натпревар и победи со 2-0 пласирајќи се во следната фаза од Купот. Головите ги постигнаа Даниелзињо и Хуго Родалега, првата ѕвезда на тимот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови