Поради зголемување на случаите на Ковид-19 во Германија воведени се построги мерки, а тоа влијае и на тимот на Баерн Минхен. Невакцинираните фудбалери на Баерн Минхен не можеа да останат во хотелот заедно со останатите од тимот пред денешниот натпревар против Аугсбург. И тоа не е се, Бундес-лигата најавува дека наскоро можеби невакцинираните фудбалери нема да можат да играат натпревари во германското првенство.
Џошуа Кимих, Серж Гнабри, Џамал Мусиала и Ерик Максим Чупо-Мотинг се четворицата играчи на кои им беше забранет пристап во хотелот, откако Баварија го ограничи пристапот до хотелите и рестораните само за вакцинирани и оздравени лица од коронавирусот.
Кимих пред неколку недели откри дека сè уште не е вакциниран против Ковид-19 и чека да види дали вакцината би донела некакви несакани ефекти.
Дефанзивецот Никлас Зиле покажа позитивен тест и замина во изолација, а сите останати фудбалери на Баерн Минхен се вратија на тренинзите откако беа негативни на ПЦР – тестот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal