Connect with us

Нејмар постигна хет-трик во еден од најважните мечеви за Сантос (ВИДЕО)

Бразилската ѕвезда Нејмар повторно блесна во дресот на Сантос, постигнувајќи хет-трик во убедливата победа над Хувентуде (3-0), со што му донесе на тимот драгоцени три бода во борбата за опстанок.

И покрај проблемите со левото колено и специјалните третмани што ги прима за да ја намали болката, поранешниот ас на ПСЖ успеа за само 17 минути во второто полувреме целосно да го реши натпреварот. Според информациите од Бразил, веднаш по крајот на сезоната го очекува артроскопска операција на менискусот. Со трите гола, Нејмар стигна до бројка од 11 погодоци и четири асистенции на 29 настапи оваа сезона.

Ова е негов прв хет-трик по април 2022 година, кога последен пат даде три гола во еден меч за ПСЖ. Првиот погодок го постигна во 56. минута по брз контранапад, вториот по одлично нафрлување од Игор Винисиус, а третиот од пенал. Во 83. минута беше заменет и доби силни овации од публиката.

Победата му донесе големо олеснување на Сантос, кој сега има два бода повеќе од Виторија, тимот што го држи последното место што води во понизок ранг. Во последното коло следната недела, Сантос на „Вила Белмиру“ го пречекува Крузеиро, а со евентуален триумф сигурно би ја заверил својата позиција во бразилската елита.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови