Арсенал повторно се врати на победите и ја запиша својата десетта победа оваа сезона, совладувајќи го Брентфорд со 2-0 на „Емирати“. Иако Микел Артета се соочи со кадровски проблеми и беше принуден да ротира поради повреди, лидерот на Премиер лигата без поголеми потешкотии ја доби лондонската пресметка.
Микел Мерино повторно беше искористен во нападот и уште еднаш ја оправда довербата. Во 11-тата минута, по идеална асистенција на Бен Вајт, Шпанецот стрелаше прецизно за водство на „топчиите“.
Победата на Арсенал беше запечатена во 91-та минута, кога Букајо Сака со смирен и прецизен удар го постави конечниот резултат – 2-0. Составот на Артета продолжува да ја предводи табелата со пет бода предност во однос на Манчестер Сити.
Највозбудливиот дуел од денот го приредија Брајтон и Астон Вила, каде што гостите победија со 3-4. Оли Воткинс постигна два гола за Вила, а во листата на стрелците се запишаа и Онана и Мален.
Минимални победи остварија Кристал Палас и Нотингам Форест – Палас со 0-1 на гостувањето кај Барнли, а Форест со истиот резултат против Вулверхемптон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Калјари ја победи Аталанта во Бергамо
Втора лига
Втора лига: Македонија ЃП подобра од Камјани
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса му нуди нов договор на Рафиња













