
Бразилскиот ас Нејмар ќе остане на „Паркот на принцовите“ во Париз до 2027 година, открива „Л’Екип“. Тој објави дека се согласил за продолжување на соработката со Пари Сен Жермен, а ќе потпише нов договор на пет сезони како продолжување на тековниот кој има важност до 2022 година.
Клубот планира официјално да ја претстави новата соработка со Нејмар пред крајот на април, во пресрет на двомечот против Манчестер Сити во полуфиналето на Лигата на шампионите. Дотогаш правниот тим на ПСЖ ги „пегла“ и последните детали од новиот договор со неговите агенти.
Пари Сен Жермен се надева дека оваа сезона конечно ќе успее да го освои трофејот во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal