Connect with us

Нејмар имал „луда клаузула“ со ПСЖ, добивал 200.000 евра бонус секогаш ќе им аплаудирал на навивачите

Трансферот на Нејмар од Барселона во Пари Сен Жермен сѐ уште е најголемиот во историјата. „Светците“ платија 222 милиони евра за топј да се пресели во Париз, а потоа Бразилецот имал и неверојатна клаузула во неговиот договор.

Според изјавите на поранешниот играч на Кристал Палас, Луис Брајон, Нејмар добивал бонус од 200.000 евра секогаш кога после натпревар ќе им аплаудирал на навивачите на ПСЖ и ќе бил љубезен кон нив.

Брајон ја дознал оваа информација од член на персоналот на ПСЖ за време на тренерски курс, но одлучи да го заштити идентитетот на изворот.

„Најлудата клаузула за која сум слушнал е онаа на Нејмар од неговиот договор со ПСЖ,“ изјави Луис Брајон. „На тренерски курс запознав еден член на персоналот на ПСЖ. Нема да го откријам неговото име, но тој ми кажа дека Нејмар има клаузула во договорот која му носи бонус од 200.000 евра секој пат кога ќе им аплаудира на навивачите на својот тим по натпревар“, изјави Брајон.

Оваа изјава ја истакнува бизарноста на одредени договорни услови во модерниот фудбал и покажува како клубовите може да воведат специфични механизми за мотивирање на играчите да одржуваат позитивен однос со навивачите.

Во меѓувреме, Нејмар продолжува да се соочува со проблеми со повреди. Тој се врати на теренот во ноември по подолга пауза, но повторно се повреди, што е уште еден удар за неговата кариера и клубовите за кои игра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови