
Жозе Мурињо имаше катастрофална полусезона со Манчестер Јунајтед, пред крајот на 2018 доби отказ на „Олд трафорд“, но Португалецот уште еднаш знаеше како да го наплати предвремениот прекин на соработката со својот клуб.
Манчестер Јунајтед во својот годишен финансиски извештај обелодени дека раскинот со „специјалниот“ значел и исплата од 19 милиони евра за Жозе и неговиот стручен тим. Ништо полошо Мурињо не минуваше ниту во минатото, ако се знае дека во 2007 година при првиот отказ од Челси доби 20 милиони евра од Роман Абрамович, а речиси истата сума ја доби и при второто заминување од „Стемфорд бриџ“, откако претходната сезона ја освои титулата и потпиша нов договор.
Предвременото заминување од Реал Мадрид во 2012 година ги чинеше „кралевите“ 19 милиони евра, па Мурињо само од отказите што ги добиваше во последните десетина години заработи над 70 милиони евра. Навистина е „специјален“, нема што…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците

Интернационалци
Нови Пазар го претстави Јован Манев како ново засилување
