Башкими ја искористи десетдневната пауза поради квалификациските натпревари за Светското првенство во 2026 година и одигра пријателски натпревар со Гњилане во гости, притоа забележувајќи победа од 2-3. Екипата од Куманово отпатува во Кавадарци со максимален фокус и јасна цел – да одигра добар натпревар и да се врати дома со цел плен.
„Нѐ очекува тежок натпревар бидејќи Тиквеш по лошата серија, сега е тим достоен за почит. Башкими ја искористи оваа кратка пауза за да ги наполни батериите и да се подготви што е можно подобро за претстојниот натпревар. Евентуална победа ќе нѐ позиционира високо на табелата и ќе ни овозможи порелаксирана пролетна сезона. Башкими нема да се врати со празни раце од Кавадарци, тоа им го должиме на нашите навивачи и на градот“, рече, меѓу другото, Ардит Демири.
Натпреварот меѓу Тиквеш и Башкими ќе се игра на стадион во Кавадарци, со почеток во 13 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Интер Мајами го доведе Серхио Регилон
Млади репрезентации
Македонија У15 со минимален пораз од Турција на возвратниот натпревар













