Connect with us

Наполи го задржа голманот Алекс Мерет до 2027 година

Италијанскиот шампион Наполи официјално објави дека го продолжи договорот со голманот Алекс Мерет до летото 2027 година.

28-годишниот италијански чувар на мрежата е дел од клубот од 2018 година и во тој период се етаблираше како прв избор меѓу стативите на поранешниот шампион на Италија. Минатата сезона Мерет беше еден од најдобрите голмани во топ 5 европски лиги според бројот на натпревари без примен гол – 16 пати ја сочува својата мрежа недопрена, исто како и Миле Свилар од Рома.

„Уште долго ќе ја чува нашата мрежа: Алекс продолжува до 2027 година!“, објави клубот на официјалните канали.

Досега Мерет има одиграно 212 натпревари за Наполи и 73 „чисти мрежи“. Со клубот има освоено две шампионски титули во Серија А и еднаш го крена Купот на Италија.

Според официјалната страница на Наполи, тој е и голманот со најмногу одбранети пенали во Серија А во последните три сезони – вкупно пет. За репрезентацијата на Италија има три настапи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови