Connect with us

Напаѓачот на Нотингем Форест е во индуцирана кома по итната операција на абдоменот

Напаѓачот на Нотингем Форест, Таиво Авонији, се наоѓа во индуцирана кома и добива интензивна медицинска нега по итната операција поради тешка повреда на абдоменот, објавија англиските медиуми. Авонији ја здобил потенцијално животозагрозувачката повреда за време на натпреварот против Лестер во неделата, кога при обид да постигне гол силно удрил во стативата.

Иако неколку минути по укажаната помош на теренот се обиде да ја продолжи играта, наскоро стана јасно дека не може нормално да трча, а Форест, поради веќе искористените замени, го заврши натпреварот со играч помалку. Вистинските размери на повредата беа откриени ден подоцна, кога Тиво Авонији итно беше префрлен во болница и подложен на операција.

Фудбалерот е ставен во индуцирана кома и прима интензивна нега по итната операција. Првичните знаци се сметаат за позитивни. Целта е операцијата да биде целосно завршена утре.

Авонији пристигна во Нотингем Форест во 2022 година од Унион Берлин, а оваа сезона има постигнато еден гол во Премиер лигата. Неговата повреда и моменталната состојба се голем удар за клубот, кој со ремито против Лестер значително ги намали шансите за пласман во Лигата на шампионите, но обезбеди враќање во европските натпреварувања првпат по речиси 30 години.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови