Напаѓачот од Мали, Фусени Диjабате, денеска е една од главните теми на медиумите во Србија. Дијабате е член на Партизан, но по репрезентативната пауза сѐ уште не се појавил во „Хумска“.
И тренерот Игор Дуљај призна дека не знае каде е Дијабате, бидејќи не контактирал со никого во клубот.
„Дијабате не е тука. Ако ме прашате каде е, засега немам никакви информации“, изјави Дуљај.
Дијабате има шест асистенции и гол на 25 натпревари за Партизан оваа сезона.
Претходно играше за Лестер, Ајачио, Амиен, Трабзон, Гезтепе и за Гиресунпор.
Партизан в сабота го очекува меч против Војводина во првенството на Србија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026













