Connect with us

Надежен фудбалер на Борусија Дортмунд претрпе хорор повреда (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд го потопи тимот на Холштајн Кил во полуфиналето од Купот на Германија, а во клучниот натпревар за трофејот, ќе се сретне со Лајпциг. Сепак, без разлика на петте голови, мечот беше засенет поради сериозната повреда која ја заработи младиот талент на Борусија, Матеу Мореј.

Шпанецот влезе во игра во 62-та минута, но таму остана само 12 минути. Во обид да му одземе топка на противникот, Мореј згазна на теренот на многу чуден начин. Според криците, веднаш беше јасно дека станува збор за болна повреда, при што беше повикан медицинскиот тим, а на крајот, на негово место, во игра влезе Томас Муние.

Спортскиот директор на “милионерите” изјави дека не е позната точната дијагноза на повредата, но дека десниот бек претрпел сериозна повреда на лигаментите и капсулата што ќе го оддалечи долго време.

“Веднаш можеше да се види дека тој е многу тешко повреден“, рече Себастијан Кел. “Неговиот вресок се слушаше долго време, не само на стадионот, туку и во соблекувалната подоцна. На сите ни е многу, многу жал за момчето. Тој ќе биде надвор од терените долго време”.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови