
Баварскиот гигант Баерн Минхен е блиску до постигнување договор со Џамал Мусијала за продолжување на неговиот договор. Откако клубот направи значителен напредок во преговорите со Алфонсо Дејвис, кој се очекува да потпише нов договор на почетокот на следната недела, сличен исход се предвидува и за германскиот репрезентативец Мусијала.
Според информациите, раководството на Баерн се согласило да вклучи откупна клаузула во новиот договор на Мусијала. Доколку тој потпише петгодишен договор, клаузулата ќе биде променлива.
Откупната сума ќе изнесува 175 милиони евра две години пред истекот на договорот, а една година пред крајот ќе биде намалена на 100 милиони евра.
Иако сè уште не е постигнато целосно разбирање меѓу клубот и играчот, двете страни се решени да го финализираат договорот во најбрз можен рок. Се очекува новиот договор на Мусијала да биде потпишан во текот на наредниот месец.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
