
Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, е сигурен дека неговиот тим е подобар од Глазгов Ренџерс, иако заостанува со два гола пред реваншот на „Ајброкс“ во осминафиналето од Лига Европа.
Мурињо е категоричен дека тимот на Бери Фергусон стекнал предност во првиот натпревар во Истанбул само поради бројните грешки на неговата екипа. Ренџерс, кој го доби првиот дуел со 1-3, успеа да реализира клинички контранапади од, како што Португалецот го нарече, „ултрадефанзивен низок блок“.
„Не сум повреден. Ренџерс не е подобар тим од нас и мислам дека имаме шанса да се пласираме. Не станува збор за тоа дека сум навреден или дека сакам одмазда, или дека мора да одиме и да докажеме дека сме подобри. Не се работи за ништо од тоа. Само искрено верувам дека сме подобри“, изјави Мурињо.
„Специјалниот“ истакна дека би го отпишал реваншот и би се фокусирал на домашното првенство доколку не веруваше дека негатива од два гола може да се надомести.
Мурињо, кој сè уште нема успеано да надополни два гола негатива на гостински терен во речиси 200 европски натпревари како менаџер, ја отфрли изјавата на Фергусон дека е „повреден“ од првиот натпревар.
„Но, заслуживме да загубиме, затоа што направивме грешки, а тие ги искористија. Тие беа мотивирани, се бореа заедно, заслужија да победат. Така што, нема лоши чувства, нема разочарување, нема ништо. Толку сме фокусирани на нашето првенство, имаме толку важен натпревар во недела, што ако чувствував дека немаме шанса, ќе се подготвувавме за недела. Но, јас не се подготвувам за недела, туку за овој натпревар, затоа што искрено верувам дека имаме шанса. А кога имаме шанса – одиме!“, додаде Мурињо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
