
Наполи убедливо ја освои титулата на пет кола до крајот, Лацио е второпласиран на табелата, а Жозе Мурињо тврди дека Интер е најдобриот тим во Италија.
Рома на Мурињо беше поразена на „Олимпико“ во Рим од Интер со 0-2 во едно од дербијата од 34. коло во Серија А.
„Со големо чувство на гордост си одам дома. Игравме против најдобриот тим во Италија, кој игра и во полуфиналето на Лигата на шампионите“, изјави Мурињо кој го предводеше Интер до европската титула во 2010 година.
Рома има големи проблеми со повредите.
„Им кажав на играчите дека се чувствувам горд по сѐ што направија. Напорот што го вложија, особено оние кои се уморни, оние кои практично играа со една нога, кои играа со лекови против болки. Сите тие момци се способни да направат нешто фантастично со овие навивачи“, изјави Мурињо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
