Македонскиот првак Шкендија вечерва (20 часот) во Мурска Собота го игра реванш натпреварот против Мура во првото квалифкациско коло од Лигата на шампионите. Словенците имаат предност (0-1) по првиот дуел во Скопје, но Мевљан Мурати смета дека тоа лесно може да се промени на денешниот дуел.
„Дадовме се од себе и на првиот дуел, но немавме среќа, не успеавме да реализираме пенал и промашивме неколку одлични шанси. Имаме негатива, но има уште 90 минути за игра, можеме да ветиме максимална борбеност и желба за триумф и пласман во следната рунда. Верувам дека можеме да оствариме успех, дојдовме во Словенија со намера да ја елиминираме Мура“, порачува Мевљан Мурати.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski