
Селекторот на Швајцарија, Мурат Јакин, апсолутно немаше причина за задоволство по тешкиот пораз (1-6) од Португалија во осминафиналето на Светското првенство. Со тоа завршија соништата на Швајцарија за нешто повеќе на Мундијалот.
Селекторот ја смени формацијата за овој натпревар во 3-5-2 и се чини дека тоа беше грешка. Сепак, тој смета дека проблемот не е во шемата, туку во моќта на противникот.
„Ние ја игравме оваа формација и претходно. Вистината е дека не влеговме во игра во првото полувреме. Мораме да прифатиме дека нашиот план не функционираше и да признаеме дека Португалија беше подобра репрезентација. Резултатот е тешко да се прифати. Сакавме да направиме историја и сите да се гордеат со нас, но не ни успеа“, изјави Јакин.
„Имавме план за натпреварот, играчите беа подготвени. Не беше важно дали Роналдо ќе игра или не“, додаде селекторот на Швајцарија.
„Силван Видмер не тренираше претходно, имаше треска. Тој беше болен и не можеше да игра. Фабијан Шер исто така не беше во оптимална состојба. Нико Елведи е болен со денови. Тој исто така има треска. Мислам дека донесов правилни одлуки во оваа ситуација. Тука сепак проблемот не беше во нашиот план за игра, туку во противникот. Португалија беше многу посилна од нас и ја очекуваше секоја наша акција. На крајот испадна дека трчавме многу, но без резултат “, истакна Мурат Јакин.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд

Интернационалци
Денковски ќе брани за Посушје

Евро-фудбал
Ливаковиќ замина на позајмица во Џирона

Евро-фудбал
Јувентус го купи Косовецот Едон Жегрова

Евро-фудбал
Николас Џексон го засили Баерн Минхен

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор
