По турбулентен период во кариерата, Пол Погба конечно доби нова шанса. Францускиот фудбалски интернационалец е нов член на Монако, клуб што верува во неговата повторна фудбалска преродба. Погба пристигнува како слободен агент и потпиша договор до 30 јуни 2027 година.
По прекинот на соработката со Јувентус минатиот ноември, кој следеше по позитивниот допинг тест и суспензија, 32-годишниот играч беше на крстопат. Првичната четиригодишна казна му беше намалена на 18 месеци, што му даде надеж дека повторно ќе се врати на врвот.
Монако, клуб што во последната сезона го освои третото место во Лига 1 и избори учество во Лигата на шампионите, гледа во Погба не само како на засилување, туку како на лидер на проект со високи цели.
„Среќни сме што го претставуваме Пол Погба во нашиот клуб. Веруваме во неговиот квалитет, искуство и глад за фудбал“, стои во соопштението на клубот.
We are delighted to announce the arrival of Paul Pogba 🇫🇷
— AS Monaco EN 🇲🇨 (@AS_Monaco_EN) June 28, 2025
The midfielder has signed a 2-season deal and is now tied to the Club until 30th June 2027 🆕 pic.twitter.com/SJN33IZhzw
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













