Младата женска репрезентација на Македонија во периодот од 7 до 15 jуни ќе учествува на меѓународниот турнир „Bansko Pirin Womens Cup”, koj ќе се одржи во Банско, Бугарија.
Нашата репрезентација на овој турнир силите ќе ги одмери со домаќинот на турнирот, репрезентацијата на Бугарија и Албанија.
Првиот натпревар го играме против Албанија на 9 јуни, а вториот дуел го играме со Бугарија на 14 јуни.
Селектор на Македонија, Астрит Меркo, за овој турнир ги повика следните фудбалерки:
ГОЛМАНИ: Берна Кабакчи, Јана Луба Зврлевска;
ОДБРАНА: Ана Ристовска, Анида Идризи, Едина Сулејмани, Викторија Недева, Ана Милчевска, Миа Головска, Теодора Бартон, Александра Јовановска;
СРЕДЕН РЕД: Икмете Лимани, Ера Стеблева, Ангела Зафировска, Радица Велкова, Кристина Мојсоска, Бриќена Шаќири, Емира Мета, Вероника Николовска,
НАПАД: Теа Божиновска, Теодора Николовска, Бојана Петкова, Оливера Чоклевска;
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski