
Младинците на Работнички доживеаја убедлив пораз во првиот натпревар од Лигата на млади на УЕФА, откако на гостувањето кај ирскиот Шелбурн загубија со 5-0. Иако тимот на Томислав Франц одигра солидно прво полувреме и одолеваше на нападите на домаќините, во второто целосно падна и дозволи четири гола во последните 25 минути.
Шелбурн поведе во 35. минута преку Семи, а потоа во продолжението ја покажа целата надмоќ. Маре погоди двапати, во 69. и 71.минута, по него во листата на стрелците се запиша и Рајан во 76.минута, а конечните 5-0 ги постави Кеог во завршницата.
Реваншот се игра на 1 октомври во Скопје, но Работнички има голема негатива по првиот дуел.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
