Connect with us

Мицевски: Гордост е да се игра за Македонија, достојно ќе ги замениме Адеми, Барди, Елмас…

МАКФУДБАЛ.МК на Кипар,

Никола Ѓуровски

Нови имиња во селекцијата на Македонија за мечот против Ерменија, последен во циклусот од Лигата на нации. Воедно и решавачки за првото место во групата. На Македонија и одговара се освен пораз в среда против Ерменците за да ја задржи првата позиција.

Дарко Мицевски, фудбалерот од средниот ред на Вардар, е еден од дополнително повиканите играчи за дуелот со Ерменија. Верува во успех и прво место и се надева дека ќе добие шанса за настап.

„Гордост е да се игра за Македонија. Ова е мој втор повик во националниот тим, се надевам дека ќе успееме да славиме и против Ерменија и на најдобар начин да се заокружи овој циклус. Остваривме пласман на Европско првенство, сега сакаме и прво место за да се пласираме во Лигата Б. Лично, доколку добијам шанса од селекторот, ќе дадам 200% од моите можности за да победиме и успешно да го надоместиме отсуството на Адеми, Барди, Елмас, Николов…во средниот ред“, изјави Дарко Мицевски.

Денешниот прв тренинг во Никозија, македонската фудбалска репрезентација го одработи на еден од помошните терени на „ГПС“ стадионот, а утре ќе има официјален тренинг. 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови