
Александар Митровиќ, најдобриот стрелец во историјата на српската репрезентација, би можел наскоро да се врати на европската сцена – и тоа преку сензационален трансфер во Фенербахче.
Според информациите на турскиот „NTV Spor“, напаѓачот на Ал-Хилал е блиску до договор со истанбулскиот гигант, кој летово тргнува во голема реконструкција под водство на Жозе Мурињо.
Митровиќ веќе стапил во контакт со двајца добро упатени, соиграчот од репрезентацијата Душан Тадиќ и искусниот Един Џеко, кои му ги пренеле искуствата од Истанбул и животот во Фенербахче.
Преговорите се во завршна фаза, а финалниот договор се очекува наскоро.
Фенербахче претходно неуспешно се обиде да ги доведе Џонатан Дејвид од Лил и Душан Влаховиќ од Јувентус. Канаѓанецот побарал 12 милиони евра бонус за потпис, а Влаховиќ не бил подготвен да се пресели во лига која ја смета за послаба од Серија А.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Вест Хем се раздели со менаџерот Грем Потер

Евро-фудбал
Тотенхем сака да го откупи Палиња
