Англискиот премиерлигаш Вест Хем се раздели со менаџерот Грем Потер по само осум месеци на клупата, откако тимот под негово водство забележа само шест победи во 25 натпревари.
Англискиот стручњак во јануари потпиша двегодишен договор и го наследи Хулен Лопетеги. Тогаш тимот беше 14. на табелата, а сезоната ја заврши на иста позиција, со пет победи во 18 натпревари под водство на Потер.
Одлуката дојде по поразот од Кристал Палас (1-2) на домашен терен, што го спушти лондонскиот клуб на 19. место во Премиер-лигата со само три бода од пет кола. Досега оваа сезона Вест Хем прими 13 голови, а постигна само пет.
Раководството на Вест Хем, како што откриваат медиумите на Островот, веќе водело преговори со Нуно Еспирито Санто, поранешен менаџер на Нотингем Форест, како и со Славен Билиќ, кој претходно го предводеше клубот.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal













