Македонија ЃП на последните четири меча во домашниот шампионат има три победи и еден пораз. Во текот на оваа серија совладани се Пелистер, Брера и Шкупи додека единствениот неуспех беше на гостувањето против Вардар.
Благодарение на победничката низа „лавовите“ полека но сигурно се искачуваат на табелата со девет освоени бода и во моментов се на шестата позиција.
Денеска Македонија ЃП ја очекува нов предизвик. Во Кавадарци од 15:00 часот се среќава со екипата на Тиквеш. Нема лесни противници, нема лесно освоени бодови на ниту еден терен. Македонија ЃП тоа почувствува на минатонеделното гостување кај Шкупи. На тој меч рано постигнатиот гол за водство ја олесни задачата.
„Планот е сличен и за денешниот дуел. Максимална концентрација, ангажираност од првата секунда. На време постигнат гол, контролирање на ситуацијата. Подготвени сме. Имаме добра атмосфера во тимот, победите си го прават своето. Максимален респект за противникот, Тиквеш е квалитетен тим. Неговата позиција на табелата не е реален показател на силата на овој тим. Како што на пример не беше ни нашата на стартот на шампионатот. Добрата работа, тренинзите, вложувањето на терен секогаш го даваат резултатот. Ако правиме се како што треба, бодовите нема да изостанат“ – вели искусниот Симеон Христов.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













