
Четири натпревари и максимални 12 бодови е ефектот на Силекс досега во Првата лига. Во Кратово во ова коло број 5 гостува тимот на Работнички, кој од друга страна не го почна првенството согласно очекувањата, и освои само еден бод од првите три кола, на гостувањето кај Тиквеш.
Кратовскиот прволигаш во досегашниот тек од првенството нема примено ниту еден гол, постигнува по три гола во просек, а сега сака да го продолжи максималниот ефект и на домашен терен против Работнички во натпреварот кој се игра денеска во 15:30 часот.
„На секој натпревар излегуваме на терен да дадеме се од себе и да победиме. Тоа е секогаш целта на Силекс, без разлика кој ни е противник“, рече Мартин Мирчевски, напаѓачот на кратовци.
Што се однесува до противникот, Мирчевски вели дека му е важно само како неговиот тим ќе одигра.
„Искрено, не би можел да кажам што би сменил новиот тренер кај Работнички. Посакувам само ние да сме во вистинското светло, па се надевам дека тоа ќе биде доволно за триумф. Посакувам еден убав меч во кој ќе победи подобриот противник. Задоволни сме од тоа како ја започнавме сезоната. Имаме одлични четири победи од исто толку натпревари, и сето тоа е мотив за нас да ја задржиме оваа победничката серија што е можно подолго“, изјави Мирчевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
