Connect with us

Милош Керкез е најновото засилување на Ливерпул

Милош Керкез ќе биде најновото засилување на Ливерпул. Унгарскиот лев бек веќе ги минува медицинските прегледи, по што се очекува официјално да потпише договор со клубот од „Енфилд“.

Според британските медиуми, Ливерпул и Борнмут постигнале договор за трансфер во висина од 40 милиони фунти (околу 47 милиони евра). Керкез ќе пристигне како долгорочна замена за ветеранот Енди Робертсон.

Фудбалерот веќе е во Ливерпул заедно со своето семејство, а неговото официјално претставување се очекува во текот на денот.

Овој трансфер е дел од активната летна офанзива на актуелниот англиски шампион. Досега на „Енфилд“ пристигнаа Џереми Фримпонг и Флоријан Вирц од Баер Леверкузен, како и младиот голман Армин Печи од Академија Пушкаш. И грузискиот репрезентативен голман Ѓорги Мамардашвили се приклучи на тимот, по договорот постигнат со Валенсија уште пред една година.

До крајот на преодниот рок, Ливерпул планира да донесе и засилувања во нападот и во срцето на одбраната. Меѓу имињата кои се поврзуваат со клубот се Александер Исак (Њукасл), Виктор Осимен (Наполи) и Хуго Екитике (Ајнтрахт Франкфурт), додека во дефанзивната линија најмногу се споменува Марк Гуехи (Кристал Палас).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови