Добри вести за Реал Мадрид, Едер Милитао е на чекор до камбек на терените! Бразилецот, кој подолг период беше надвор поради скинати вкрстени лигаменти, најверојатно ќе биде дел од составот за мечот против Јувентус. Ако тоа се случи, ќе биде негов прв настап по точно 234 дена пауза.
Тренерот Чаби Алонсо полека ги добива назад своите клучни дефанзивци. Пред неколку дена, Антонио Рудигер се врати со цел натпревар против Салцбург, откако претходно беше на пауза поради операција на менискус. Германецот делуваше стабилно, и покрај грчевите во завршницата.
Сега фокусот е на Милитао. Иако ова е негова втора тешка повреда на колено за нешто повеќе од година дена, овојпат повредата беше на другата нога – што му дава подобри шанси за целосно враќање. Наместо стандардните осум-девет месеци, Милитао за само 195 дена се врати на тренинзите со полн интензитет и веќе ги минува сите неопходни фази од подготовката.
Можноста да добие минути против Јувентус е голема, особено ако мечот тече во позитивна насока за „кралевите“. Тоа би бил одличен тест за дефанзивната линија, особено ако Алонсо реши да го испроба системот со тројца централни дефанзивци.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













