
Македонија оствари две победи во период од три дена. После триумфот над Малта во квалификациите, денеска македонските фудбалери славеа со 1-0 против селекцијата на Фарски Острови во пријателски меч. Стрелец на голот беше Бојан Миовски во 82.минута од мечот.
Селекторот Благоја Милевски е задоволен од оствареното.
„Победивме на двата натпревари и ако подвлечеме една после овие натпревари, можам да бидам задоволен, пред сѐ од пристапот на играчите, енергијата, желбата што ја прикажаа. Иако денеска игравме пријателски натпревар, сепак, покажавме завидно ниво и посветеност до крајот, а тоа донесе и победа. Ова предизвикува задоволство пред тоа што нѐ очекува во јуни, како дел од квалификациите“, изјави селекторот Благоја Милевски.
Селекторот на Фарски Острови, Хакан Ериксон, не е задоволен од поразот, но кај него има задоволство од играта што ја прикажа неговата селекција.
„Никој не е одушевен после пораз, но можам да бидам задоволен од тоа како одиграа фудбалерите. Можам да кажам дека на Фарски Острови се сака фудбалот, во секое село има црква и фудбалски терен. Од друга страна, Македонија е селекција со голем технички потенцијал, некои играчи прават голема разлика на теренот. Вие еднаш ја победивте и Италија, зошто не би го повториле тоа?“, изјави селекторот на Фарски Острови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
