Фудбалската репрезентација на Македонија утре (18 часот) во Анталија го игра вториот пријателски натпревар од овој мини-циклус, а ривал е селекцијата на Црна Гора. Селекторот Благоја Милевски најави дека ќе има одредени промени во ростерот за овој дуел, затоа што сака да им даде шанса и минутажа на сите фудбалери, и да испроба неколку други опции.
„Црна Гора е противник кој во својот ростер има многу квалитетни играчи кои играат во Шпанија, Италија и други силни екипи. Тоа значи дека ние мораме да го подигнеме нашето ниво на игра, особено во завршната фаза од теренот. Не сум задоволен од реализацијата на натпреварот со Молдавија, требаше да постигнеме уште најмалку еден гол од тие шест шанси што ги имавме и да го затвориме натпреварот.
Промени во составот ќе има. Тука сме дојдени да одиграме два натпревари и да го провериме потенцијалот кај некои фудбалери на различни позиции. Тоа го направивме со Молдавија, а така ќе биде и со Црна Гора“, изјави селекторот Благоја Милевски на денешната прес-конференција.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski