
Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер (20.45 часот) го игра третиот меч во низа во септемвриските квалификации, а гостува Романија. По двете ремија, селекторот Благоја Милевски и фудбалерите ќе се обидат да стигнат до триумф што е извонредно значајно ако сакаме да останеме во трката за второто место во групата.
„Не очекува многу важен меч против Романија, но не мислам и дека е пресуден. Групата е составена од повеќе израмнети селекции по квалитет и мислам дека ништо не е решено. Го заборавивме Исланд и максимално сме фокусирани на Романија. Ќе треба психолошки да се издигнеме за да го пребродиме моментот од Исланд. Но, тоа мора да остане зад нас. Не можам да не ги пофалам момците за покажаното на двата натпревари досега. Македонија игра одличен фудбал, тактички и агресивно, со многу трчање. Од фудбалски аспект, момците и на Исланд одработија речиси се до совршенство. Ова е правецот во кој треба да се движиме и во иднина. Што се однесува до Романија, тоа е квалитетен тим, составен од одлични индивидуалци, но не стравуваме, напротив. Максимално сме фокусирани на тоа што Македонија треба да го одигра на утрешмиот натпревар“, изјави селекторот Благоја Милевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
