Connect with us

Милан ќе му понуди нов едногодишен договор на Лука Модриќ

Италијанскиот калчолигаш Милан планира да му понуди нов едногодишен договор на Лука Модриќ. Тој целосно го воодушеви Милано. Хрватскиот маестро започна на сите 11 натпревари во Серија А и стана вистински мотор на тимот на Алегри.

Иако продолжувањето на договорот беше планирано за пролетта, блескавите партии на Модриќ натераа раководството на „росонерите“ веќе сега да размислува за активирање на опцијата за уште една сезона, пишува „Газета дело Спорт“.


„Тој не доминира само во креирањето на играта — влегува во дуели, ја повлекува екипата кога е потребно и го подига интензитетот на целиот тим. Неговата работа и професионализам ги инспирираат и останатите, особено Леао, кој почна повеќе да се труди во двата правци. Во Милано го фалат поради скромноста и менталитетот на победник“, пишува „Газета“.

Рекордерот на хрватската репрезентација (192 настапи, 28 голови) е на прагот на петтото Светско првенство, а договорот му важи до летото 2026 година, со сè поголеми шанси за продолжување до 2027.

Клубот го гледа како клучен ментор за помладите играчи во средниот ред, како Ричи и Јашари, додека самиот Модриќ најавува дека не планира да застане додека не го урне рекордот на Ибрахимовиќ како најстар играч на Милан во Серија А.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови