Милан го победи англискиот првак Ливерпул со 4-2 во пријателски натпревар одигран во Хонг Конг, како дел од претсезонската турнеја.
По слабиот настап против Арсенал, каде што упатија само еден удар во рамките на голот, избраниците на Масимилијано Алегри сега покажаа далеку подобра игра и постигнаа четири погодоци против еден од фаворитите за титулата во Премиер лигата. И двата тренери ротираа состави, а кај Ливерпул дебитираше најскапото засилување – Флоријан Вирц, кој започна од првата минута и одигра едно полувреме.
Во 10. минута Рафаел Леао, по асистенција од Пулишиќ, прецизно ја смести топката во мрежата на Алисон и донесе водство за Милан. Ливерпул одговори преку Доминик Шобошлаи, кој во 26. минута со мајсторски удар од далечина израмни на 1-1.
Во второто полувреме тренерот Арне Слот направи целосна смена на составот, што Милан знаеше да го искористи. Лофтус-Чик во 52. минута и Ноа Окафор во 60. минута погодија по брзи контранапади и убаво изведени акции, за 3-1 во корист на италијанскиот тим.
Во судиското продолжение следуваа уште два гола: Коди Гакпо намали на 3-2, но Окафор повторно погоди и го постави конечниот резултат – 4-2 за Милан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)













