
Иднината на крилниот напаѓач Шарл де Кетеларe во Милан е сериозно доведена во прашање. 21-годишниот Белгиец не ги исполни очекувањата откако дојде на „Сан Сиро“. Поради ова, „росонерите“ сериозно ја разгледуваат можноста да го продадат, а од ова може да имаат корист англискиот Лидс Јунајтед, кој и понатаму е заинтересиран за играчот, наведува „Газета дело спорт“.
Де Кетеларе беше најскапото засилување на клубот минатото лето, откако за него плати 32 милиони евра. Сепак, тој не импресионираше со своите досегашни игри, сѐ уште не постигнал гол за клубот и може да се пофали со само една асистенција на 31 одигран натпревар. Токму тоа може да го натера Милан да го стави Бегиецот на пазарот.
Во исто време, Лидс не се откажа од идејата да го одведе во својот тим. Сега Лидс дури се надева дека ќе го добие Де Кетеларе за двојно помала цена од онаа што би ја платиле за него пред една година. Се верува дека Милан ќе биде подготвен да се раздели со него за сума од околу 20 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
