Арсенал конечно ја прекина негативната серија и со минимална победа од 1-0 против Челси се врати на победничките патеки во Премиер лигата. Овој триумф беше многу важен за „топчиите“, кои претходно имаа три натпревари без победа (еден пораз и две ремија).
Со оваа победа, тимот на Микел Артета остана на 12 бодови зад лидерот Ливерпул, девет кола пред крајот на сезоната. Единствениот гол на натпреварот на „Емирати“ беше постигнат во 20. минута, кога Микел Мерино ја искористи асистенцијата од Мартин Одегард и го совлада голманот на Челси, Роберт Санчез.
Во второто дерби на денот, Фулам приреди изненадување и го совлада Тотенхем со 2-0, оставајќи ги „спарс“ во долниот дел од табелата. Родриго Муниз и Рајан Сесењон беа стрелци на головите во 78. и 88. минута, осигурувајќи им три важни бода на домаќините.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул го купува Бастони за 100 милиони евра
Евро-фудбал
Роналдо: Ќе се пензионирам за година или две
Млади репрезентации
Трајков: Имаме потенцијал и верувам дека ќе освоиме нови бодови
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“













