
Ова не е обичен понеделник затоа што вечерва на церемонија во Париз ќе биде објавен победникот на „Златната топка“ за 2021 година. Спотед информациите, главен фаворит за ласкавото индивидуално признание е Лионел Меси, кој и покрај разочарувачката сезона на Барселона во 2020/2021 година, беше најдобар стрелец во Ла Лига, со 30 гола, а со репрезентацијата на Аргентина првпат го освои трофејот на Копа Америка. Меси е рекордер, досега во кариерата има шест награди „Златна топка“ (една повеќе од Кристијано Роналдо) и ја очекува седмата.
Негов главен конкурент ќе биде Роберт Левандовски, рекордер (41) по бројот на голови во една сезона во Бундес – лигата. Тој требаше да ја добие наградата на „Франс Фудбал“ во 2020 година, кога беше главен кандидат за победа, но церемонијата не се одржа поради глобалната ситуација со коронавирусот.
Многу помали шанси за наградата имаат Карим Бензема, напаѓачот на Реал Мадрид и француски репрезентативец, како и Жоргињо, кој со Челси и со Италија стана европски првак во двете конкуренции, кај клубовите и кај националните селекции.
Победникот е избран од гласовите на 180 новинари, сите од различни земји. На церемонијата ќе бидат доделени и три други награди, „Златна топка“ во женска конкѕренција, трофејот „Јашин“ за најдобар голман и трофејот „Копа“ за најдобар младинец.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Сорлот даде четири гола за половина час!

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!
