
Аргентинската суперѕвезда Лионел Меси сака да остане во Барселона и да го продолжи договорот со каталонскиот гигант за уште најмалку две сезони. Но, сепак, има проблеми затоа што неговата сопруга Антонела притиска за преселба во Париз, пишува францускиот весник „Паризиен“.
Меси има фантастична понуда од Пари Сен Жермен, а Антонела Рокуцо би сакала промена во животот. Здодеано и е во Барселона и сака во наредните две години да го испроба животот во Париз. Ова значително ги усложнува работите околу потпишувањето на новиот договор на Лео Меси со Барселона.
Актуелната соработка на Аргентинецот и Барселона завршува на крајот од сезоната, а Меси се уште нема донесено конечна одлука иако му дал ветување на претседателот Хоан Лапорта дека ќе остане на „Камп Ноу“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ардон Јашари потпишува за Милан

Прва лига
Брера се засили со Босанецот Макиќ

Интернационалци
Игор Ангеловски ќе биде тренер на Приштина?
