Малку недостасувало големата ѕвезда на аргентинскиот фудбал, Лионел Меси, да настапува за репрезентацијата на Шпанија, земјата каде што ја изгради својата блескава клупска кариера. Но решителноста и брзата реакција на тогашниот селектор на „гаучосите“, Хосе Пекерман, целосно ја сменија историјата.
Две децении подоцна, Пекерман во големо интервју за „Оле“ откри како изгледала целата „операција Меси“, опишувајќи ја низ прецизна хронологија.
„Имавме информација од Шпанија за младиот Лео Меси, од еден турнир за селекции до 17 години во Финска. Дури и нивниот стручен штаб ни рече дека би го освоиле турнирот ако бил во нивниот тим“, започна Пекерман, кој подоцна стана најзаслужен што поранешната ѕвезда на Барселона не заигра за „црвената фурија“.
Селекторот кој ја предводеше Аргентина од 2004 до 2006 година открил дека веднаш му пренел на селекторот на репрезентацијата до 20 години дека Меси е играч кој мора да се ангажира.
„Не можев да погрешам. Тој беше новото лице на аргентинскиот фудбал. Но бидејќи сè беше подготвено за Светското првенство У20 во Шпанија, требаше да реагираме брзо“, истакнува тој.
Се испоставило дека тогашниот младински селектор, Токали, веќе имал оформен состав. Но Пекерман не сакал Аргентина да го изгуби Меси, па му предложил на селекторот да го искористи барем во еден пријателски натпревар.
„Му реков: нека не игра на турнирот ако не мора, но мора да настапи на пријателска средба, да потпише документ дека е дел од нашиот тим и тоа да се испрати во ФИФА. Со тоа засекогаш ќе биде врзан за Аргентина“, објаснува Пекерман.
Среќна околност било тоа што тогашните правила на ФИФА забранувале играч да ја смени репрезентацијата ако барем еднаш настапил за младинската селекција.
„Документите беа готови Меси, кој тогаш имаше само 18 години, да отпатува на Мундијалот со Шпанија. Целата операција беше започната, но ние реагиравме брзо и успеавме“, додава Пекерман.
Тој открива дека веднаш го алармирал легендарниот претседател на федерацијата.
„Му реков на Дон Хулио да најде било каков противник. Токали беше запознаен со планот, но имаше еден услов: натпреварот да се игра на стадионот на Аргентинос Јуниорс – местото каде што играше Диего Марадона…“
Пријателскиот дуел се одиграл, Меси го облекол дресот и Аргентина го уништила Парагвај со 8-0.
Сè останато е историја!
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026













